Месечината е верен вселенски следбеник на планетата Земја.Врзан за Земјата со силата на нејзината тежа,овој сателит кружи околу неа,додека таа кружи околу Сонцето.Месечината, исто како и Земјата,е стара 4,6 милјарди години.За разлика од земјата,Месечината е безживотна без вода и воздух.
МЕСЕЧЕВИ МЕНИ
Кога Месечината се врти околу Земјата,ја одбива Сончевата светлина,а од Земјата се гледа променливиот дел на нејзиното лице.Таа промена на осветлувањето ја нарекуваме Месечева мена.
ВИДЛИВA СТРАНИ НА МЕСЕЧИНАТА
Блиската страна на Месечината секогаш е свртена кон Земјата,па на ноќното небо се гледа барем делумно,освен кога е млада Месечина.
НЕВИДЛИВА СТРАНА НА МЕСЕЧИНАТА
Другата страна на Месечината е секогаш свртена од Земјата,покршлива е,и има повеќе кратери од онаа поблската.
МЕСЕЧИНАТА И ЗЕМЈАТА:ГРАВИТАЦИЈА ПРИМА И ОСЕКА
Месечината е блиску до Земјата,што ја привлекува нејзината вода.Тоа привлекување создава испапчување на страната од Земјата која е свртена кон неа,а испапчување се појавува и на другата страна.Затоа секој ден имаме по 2 плими.
ЗАНИМЛИВОСТИ
На месечината први се спуштија американските астронаути Нил Армстронг и Баз Олдрин,1969 година во бродот Аполо 11.Руската сонда Луна 16 во 1970г.прва,без човечки екипаж донесе на Земјата примероци од површината на Месечината.Месечината во 1950 година привидно посине,затоа што шумскиот пожар во Британската Колумбија(Канада)го исполни воздухот со честички од чад.
No comments:
Post a Comment