Комети, метеори и астероиди



КОМЕТИ

Кометите(звезди со опашка)се грамади од мраз и карпи,заостанати уште од создавањето на Сончевиот систем.Астрономите веруваат дека нивен дом е Ортовиот облак,кој го добил името по холандискиот астроном Јон Орт (1900-1992).Овој облак,според теоријата,се наоѓа далеку надвор од орбитите на најодалечените планети во Сончевиот систем.Секоја комета има опашка од прав и опашка од гас.Нив ги отфрла Сончевиот ветер,свртувајќи ги од Сонцето.


КОМЕТИ РЕКОРДЕРИ

Најдолгиот познат период на една комета изнесува 24 милиони години.Таа комета,наречена Делаванова,последен пат е видена 1914 година.Најчестата комета е Енкеовата комета,која се враќа секои 3,3 години.Најсјајна комета во 20 век била Дејлајт од 1910 година.Била сјајна колку планетата Венера.


МЕТЕОРИ

Метеорите,или звезди што паѓаат,пставаат светла трага која за кусо се појавува на ноќното небо,а се создава кога честички од камен или мраз,заостанати од комети илиастероиди,горат минувајќи низ атмосферата на Земјата со брзина од 70km/s.


МЕТЕОРИСКИ ДОЖД

Кометите,кружејќи околу Сонцето,оставаат зад себе трага од прав и парчиња.Кога Земјата ќе мине низ таа трага,на небото гледаме метеориски дожд.


АСТЕРОИДИ

Астероидите се вселенски тела кои се вртат околу Сонцето,а помали се од големите плаанети.До денес се отркиени повеке од 4.000.Може да бидат мошне мали,но постојат и такви со пречник од повеќе стотици километри.


МЕТЕОРИТИ

Метеорит е парче вселенска карпа кое успеало да го избегне уништувањето при преминувањето низ атмосферата на Земјата и среќно се спуштило.Постојат три вида метеорити:камени,железни и камено-железни.


МЕТЕОРИТИ РЕКОРДЕРИ

Најстарите метеорити се јаглените хондрити,стари 4,55 милјарди години.Најголемиот метеорит лежи во Грутфонтејн,во намибија.Се вика Хоба,долг е 2,75м,се состои од железо и тежок е 59 тони,колку и осум слона.

Комета
     
Метеориски дожд

                                    
Астероид

Метеорит



No comments:

Post a Comment