СОНЦЕ И СОНЧЕВ СИСТЕМ
Сонцето е ѕвезда во срцето на Сончевиот систем.Неговата огромна гравитација држи девет планети,астероиди и комети на нивните патеки.Сончевото нуклеарно реактивно јадро произведува енергија која Сонцето ја зрачи низ целиот систем.
ЗАНИМЛИВОСТ
Еден квадратен метар од Сончевата површина свети како 600 илјади светилки од 100 вати.
Најголемата забележана Сончева протуберанца била во 1946г. достигнала височина од 700.000 километри,и тоа само за еден час.За само една секунда Сонцето дава енергија 35 милиони пати повеќе од струјата која САД ја произведува за една година.Сончевите блескања можат да ги прекинат радиокомуникациите на Земјата,да предизвикаат магнетни бури и да ги збунат птиците кои летаат на големи раздалечини.Сончевиот екватор се врти за 25 дена,а полот за 35.Зонат на зрачење се врти секои 27 дена.Кога би се тргнале надворешните,постудени слоеви на Сонцето,опасното зрачење од јадрото би го уништило севкупниот живот на Земјата
ПОВРШИНСКИ ПОЈАВИ НА СОНЦЕТО
Сончевите избивања(ерупции)се необични млазеви на гас кои се појавуваат во хромосферата.Се подигаат на височина од 10.000км со брзина од 25км/сек.По 5-10 минути се разминуваат во околната корона.Се смета дека ги предизвикуваат магнетните полиња.На површината од Сонцето во секој миг ги има околу 100.000.
ЕВОЛУЦИЈА НА СОНЦЕТО И СОНЧЕВИОТ СИСТЕМ
Сончевиот сисрен се создал пред 5 милјарди години како масивен облик на гас и честички мраз и камен.Кога дошло до собирање на облакот од сопствената тежина,се создало Сонцето а честичките се залепиле во планети.
ХЕЛИОСФЕРА
Сончевото магнетно поле,илихелиосфера,се протега надвор од границите на Сончевиот систем.Се создава од бури на врели,наелектризирани честички,таканаречен Сончев(соларен)ветер,кој спирално струи од короната.Сонцето создава и рамнина по која тече електрична струја,а потесна е од хелиосферата.
No comments:
Post a Comment