ВНАТРЕШНИ ПЛАНЕТИ
Меркур, Венера, Земја и Марс се внатрешни планети. Се состојат од камен и метал и помали се од надворешните гасни џинови, а во атмосферата имаат многу малку водород и хелиум.
НАДВОРЕШНИ ПЛАНЕТИ
Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун се надворешни планети. Овие планети не се цврсти, туку претставуваат огромни топки со испомешан гас и течност.
ГОЛЕМИНА И ОДДАЛЕЧЕНОСТ НА ПЛАНЕТИТЕ
Плутон е најмала и најоддалечена планета од Сонцето и поради тоа тој не се смета за планета туку за планета-џуџе. Најголема планета е Јупитер (поголема од сите останати планети заедно), а најблиску до Сонцето е Меркур (за 100 пати поблиску од Плутон).
No comments:
Post a Comment