Меркур



Меркур е најмалата и најблиската планета до Сонцето од осумте планети во Сончевиот систем. За да го обиколи Сонцето потребни му се 88 Земјени денови. Нема познати природни сателити. Планетата е именувана според римското божество Меркур, гласникот на боговите.



ТЕМПЕРАТУРА НА МЕРКУР
Бидејќи скоро и да нема присуство на атмосфера која би ја задржувала топлината, Меркуровата површина ги има најголемите температурни промени во Сончевиот систем, промена која се движи од −173 °C во ноќта, па се до 427 °C за време на денот. Меркуровата површина е ишарана со кратери и е слична со онаа на Месечината, што укажува дека истата не била геолошки активна со милијарди години. 

РОТАЦИЈА И РЕВОЛУЦИЈА
Постои чуден однос помеѓу времето на ротација на Меркур околу својата оска и времето на револуција околу Сонцето. Потребни му се 59 земјини денови еднаш да се заврти околу својата оска, што е точно 2/3 од 88 дена, колку што изнесува една негова година. Заради чудниот однос на Меркуривиот ден и година, кога астронаут би стоел на Меркур, за него времето помеѓу две изгрејсонца би било 176 земјини денови.

ПОСЕТА НА МЕРКУР
Две вселенски летала го посетиле Меркур: Маринер 10 прелетал во близина во 1970-ите и MESSENGER, лансиран во 2004 година.




No comments:

Post a Comment