Марс

Марс е четвртата планета по оддалеченост од Сонцето и е седма планета според големината. Марс е бог на војната. Планетата веројатно го добила името заради својата црвена боја, а понекогаш се нарекува и црвената планета. Еден ден на Марс трае 24 часа и 37 минути, а една година трае 687 земјини дена.


ТЕМПЕРАТУРА НА МАРС 
Просечната температура на Марс е -55°С, температурата на површината се движи од -133°С на половите во зима до 27°С преку ден во текот на летото.
ГРАДБА НА ПОВРШИНАТА НА МАРС
Поголемиот дел од површината на Марс е стара и изрешетана од удари на метеори, но исто така има и многу новосоздадени долини, планински масиви и рамнини.
Во 2015 година било објавено дека конечно е решена мистеријата на синиот гигантски кратер на Марс, со површина на Калифорнија и Тексас заедно. Долго време, овој кратер ги збунувал научниците со својот необичен изглед, кој не е карактеристичен за останатите кратери што настанале од удар на метеори. Имено, за разлика од обичните кратери кои имаат рамни ѕидови, овој кратер има тераси на своите ѕидови. Али Брамсон од Универзитетот на Аризона понудил објаснување според кое станува збор за огромна плоча мраз, дебела 40 метри.
САТЕЛИТИ НА МАРС
Марс има два мали сателити кои орбитираат многу близу до површината. Фобос е поголемиот и внатрешниот сателит на Марс. Тој е поблизу до својата планета од било кој друг сателит во Сончевиот систем. Демос е помалиот и поддалечниот сателит на Марс. Тој е еден од најмалите природни сателити во Сончевиот систем.
ЗАНИМЛИВОСТ
Откриено е дека метеорите кои се оделиле од Марс пред милијарди години содржат малечки структури кои би можеле да бидат фосилни остатоци од едноставни облици на живот

                                                            ПОСЕТА НА МАРС
Првото вселенско летало кое го посетило е „Mariner 4“ во 1965, по што следела уште серија други меѓу кои и Mars 2, првата сонда која слетала на Марс. Други поуспешни мисии на Марс се двете летала Viking од 1976, како и Mars Pathfinder од 1997.







                    

No comments:

Post a Comment