Венера



Венера е втората по близина планета до Сонцето. Таа во големина и маса е приближна како и Земјата и често се идентификува како нејзина сестра близначка. По Месечината, таа е вториот најсјаен објект кој може да се види на ноќното небо. Името на планетата „Венера“ доаѓа од името на Римската божица на љубовта – Венера.


АТМОСФЕРА И ТЕМПЕРАТУРА НА ВЕНЕРА
Атмосферата на Венера е исполнета со јаглерод диоксид. Горната атмосфера на Венера ја карактеризира екстремен ветар, побрз од ротацијата, а мирниот долен слој на атмосферата покажува постојани молњи. Планетата е покриена со сто илјади вулкани кои потполно ја измениле површината на планетата во поновиот геолошки период.
Венера е многу топла бидејќи сета топлина што ќе ја прими од Сонцето не оди нагоре, туку се собира во атмосферата. Просечната температура изнесува 480 °C.


РОТАЦИЈА И РЕВОЛУЦИЈА
Венера околу Сонцето се завртува за 224,7 дена, а околу својата оска се завртува за 117 дена. Венера се движи спротивно од правецот на кој се движат останатите планети од Сончевиот систем. Гледано од површината на Венера, Сонцето изгрева на запад, а заоѓа на исток.


ЗАНИМЛИВОСТ
Венера се смета за најсмртоносна планета. Атмосферскиот притисок би згмечил конзерва, жештината би испржила, а киселите облаци би ја раствориле.



No comments:

Post a Comment