Јупитер
Јупитер e петтата планета од Сонцето и убедливо најголема во Сончевиот систем. Покрај Јупитер има уште три гасни џинови во сончевиот систем - Сатурн, Уран и Нептун. Jупитер е најчесто четвртиот најсветол објект на небото (после Сонцето, Месечината и Венера); со тоа што понекогаш Марс може да биде посветол. Јупитер е 2.5 пати помасивен од сите други планети заедно, до толку што неговиот центар на маса со Сонцето всушност лежи над сончевата површина (1.068 соладни радии од центарот на сонцето). Тој е 318 пати помасивен од Земјата, со дијаметар 11 пати поголем од земјиниот, и со волумен 1300 пати поголем од земјиниот.Јупитер, истотака ротира најбрзо од сите планети во сончевиот систем. Комплетна ротација околу сопствената оска прави за нешто помалку од 10 часови. Како резултат има екваториална дефомација што лесно може да се види дури и низ аматерски телескоп од Земјата. Јупитер е перцептивно покриен со слој облаци, составени од кристали на амониак и можеби амониум-хидросулфиди, и возможно е воопшто да нема никаква цврста површина.
СОСТАВ НА ПЛАНЕТАТА
Јупитер е составен од релативно мало карпесто јадро, опкружено со метален водород, опкружен со течен водород, кој пак е опкружен со гасен водород. Нема јасна граница меѓу трите агрегатни состојби на водородот - приближувајки се кон јадрото преодот од гас во течност е постепен. Јупитер во потесна смисла е составен од:H(90%)и од He(10%).
АТМОСФЕРА
Јупитеровата атмосфера е составена од ~81% водород и ~18% хелиум, сметано по број на атоми. Атмосферата е ~75%/24% по маса; со ~1% од масата составен од други субстанции - внатрешноста содржи погусти материјали како на пример сооднос ~71%/24%/5%. Атмосферата содржи траги од метан, водена пара, амонјак, и "карпи". Има истотака, траги од јаглен, етан, водороден сулфат, неон, кислород, фосфин, и сулфур. Најнадворешните слоеви од атмосферата содржат кристали на замрзнат амонјак. Атмосферскиот состав е многу сличен на составот на сончевата маглина. Сатурн има сличен состав, но Уран и Нептун имаат многу помалку водород и хелиум.
No comments:
Post a Comment